Негде во рака кај се што гради
Сизиф ќе измеша малтер и темпера
Негде во стомак кај се што стои
се дави Етна во базен од можности
Негде во цветот на се што се распаѓа
ти чувам Залче од кал
Негде во забот кај се што Гладува
Сизиф ќе измеша малтер и темпера
Или во стомак кај се што стои
се дави Етна во Бездни од можности
Негде во светот
сред нешто сиво
Риба сурфа во зеленило