Во клун од птици, ме донесе на парчиња
Змија, вага, нација
Причина-предумисла
Крила ти смислив од лушпи од ореви
Реки, оски, суштини
Од шал од жал и пердуви
Оставив плунки по твоите дланки
И знаци и замки
За бргу да сфатиш
Гроздови зрна и бистра вода
Страста ја врзав на работ на Етна
Везев со прсти од зборови ѓердан
Страста ја врзав на работ на Етна
Да брои
Дур прозбориш
Остави нишки во моите тетратки
И знаци и замки
И совесни јамки
Остави песна, и празна уста
Кнедла во грло и фрлив на Етна
Сама ми кажа за својата треска
Кнедла во грло и фрлив на Етна
Јас горев
Ти оздраве