Каде се крие твојот последен збор?
Во чии очи си трн со твојот непокор?
Направив нешто за себе
Направив нешто за сите нас
Направив бура
Раскажав приказна
Секогаш кога ке видиш некој, како се крие
Сети на мене, ке го покажам патот
Јас да сум трнот во нивните очи
Не направи ништо ново
Кога рече "не се покорувам"
И заврши како и сите други
Трнот е скршен, заборавен
Покрај патот
Ѕидот е непробоен
За мене и тебе